Утрински Весник
Свет

Путин на средба со Лавров: Проширувањето на НАТО на исток е многу опасно

Путин на средба со Лавров: Проширувањето на НАТО на исток е многу опасно

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој во таа прилика оцени дека проширувањето на НАТО на исток е „бесконечно и многу опасно“.

На почетокот на денешната средба со Лавров, Путин рече дека руското Министерство за надворешни работи треба да ги претстави своите ставови за одговорите добиени од Русија на предлозите испратени до американските колеги во Вашингтон и колегите од НАТО во Брисел, а кои се однесуваат на безбедносни прашања во Европа, пренесува „ТАСС“.

Путин побара и мислење од Министерството за надворешни работи на Русија за одговорите на Западот на загриженоста на Русија во врска со „бескрајното и многу опасно проширување на НАТО на исток“ на сметка на поранешните републики на Советскиот Сојуз, вклучително и Украина.

Лавров рече дека добил незадоволителни одговори на писмото што го испратил до десетици членки на Европската унија и НАТО за прашањето на неделивата безбедност, наведувајќи го приговорот на Русија дека Украина и западните земји ја зајакнуваат својата безбедност на сметка на Русија и спротивно на меѓународните договори.

Можете да прочитате

Автобус излетал од патот во Турција: над 30 лица се повредени

„Гугл“ веќе не забранува користење ВИ за развој на оружје

Администрацијата на Трамп го става персоналот на УСАИД на „административно отсуство“