Утрински Весник
Спорт

Уште еден медал за Словенија во ски-скоковите – Австрија победи во екипна конкуренција

Уште еден медал за Словенија во ски-скоковите – Австрија победи во екипна конкуренција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Словенија освои уште еден медал во ски скоковите на Зимските олимписки игри. По златото во натпреварот на мешаните тимови, златото и бронзата на малата скокалница во женска конкуренција, машкиот тим освои сребро на големата скокалница.

Словенците, во состав: Петер Превц, Тими Зајц, Цене Превц и Ловро Кос на крајот собраа 934,4 поени. Од новите олимписки шампиони, Австријците, тие имаа 8,3 поени помалку. Клучен беше скокот на Зајц во третата серија.

За „златните“ Австријци скокаа Штефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Херл и Мануел Фетнер. Ова е трето олимписко злато за Австрија во тимските скокови, прво по пауза од 12 години и ЗОИ во Ванкувер.

Бронзата им припадна на Германците: Константин Шмид, Штефан Лајне, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.

> Уште еден медал за Словенија во ски-скоковите – Австрија победи во екипна конкуренција <

Можете да прочитате

Гвардиола незадоволен и по убедливата победа над Вест Хем

Алонсо: Победивме, но Реал може и мора подобро

Мбапе го израмни рекордот на Роналдо со гол против Севилја