Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски е на ниво на забагеност

СДСМ: Тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски е на ниво на забагеност

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забагеноста со која режимот 11 години злоупотребуваше институции, гасеше струја, лифтови, местеше сообраќајки, фалсификуваше лични карти. Ваква е реакцијата на владејачкиот СДСМ откако претходно денеска опозициската партија обвини дека струја во половина Скопје снемало поради отчетот на Мицкоски.  ВМРО-ДПМНЕ подоцна до медиумите го испрати и говорот на Мицкоски со наслов: Говорот што власта на СДСМ и ДУИ не сакаше да го чуе.

Официјалните лица информираа дека попладнево настанала експлозија на далекуводот кај Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица во Пинтија. Од МЕПСО констатираа дека овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија.

Десетина скопски општини по експлозијата и пожарот останаа без струја.

Аеродром, Кисела Вода, Карпош 1,2,3,4, Мичурин, Автокоманда, се само дел од местата каде граѓаните немаа електрична енергија.

Можете да прочитате

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото

Министерство за животна средина: Забрана за пристап и движење на локацијата на пожарот во Трубарево