Утрински Весник
Свет

Русија не е загрижена за западните санкции, порача руски дипломат во Шведска

Русија не е загрижена за западните санкции, порача руски дипломат во Шведска
Dik 300x250 mk

Рускиот амбасадор во Шведска, Виктор Татаринцев даде интересно интервју за шведскиот таблоид „Афтонбладет“. Во него тој меѓу другото рече: „Извинете за изразот, но не’ заболе за западните санкции“.

„Досега ни воведоа толку многу санкции и тие на некој начин позитивно се одразија на нашата економија и земјоделство“, рече Татаринцев на одличен шведски јазик. Тој е искусен руски дипломат кој веќе има вршено неколку функции во Шведска.

„Само станавме уште посамостојни и успеавме да го зголемиме извозот. На пример, немаме италијански или швајцарски сирења, но научивме како да правиме подеднакво добри руски сирења според италијански или швајцарски рецепти“, објасни тој.

„Колку повеќе притисок Западот ќе изврши врз Русија, толку посилен ќе биде одговорот на Русија“

„Новите санкции не се позитивни, но не се толку лоши како што ги претставува Западот“, додаде тој. Татаринцев смета дека западните земји не го разбираат рускиот менталитет, па затоа објасни: „Колку повеќе Западот врши притисок врз Русија, толку посилен ќе биде рускиот одговор“.

Вашингтон вели дека стравува од неизбежна инвазија, посочувајќи дека Москва распоредила повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница и штотуку започнала воени маневри во Црното Море и Белорусија, де факто опкружувајќи ја земјата. Но, Татаринцев вели дека Русија се обидува да избегне војна. „Последното нешто што луѓето во Русија го сакаат е војна.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа