Утрински Весник
Спорт

Дончиќ броеше до 45, Далас загубија од Клиперси

Дончиќ броеше до 45, Далас загубија од Клиперси

Лука Дончиќ одигра уште еден брилијантен натпревар, за жал не успеа да му донесе победа на Далас. Маверокс доживеаја пораз од ЛА Клиперс 99:97.

Словенецот постигна речиси 50 отсто од поените на својот тим, успеа да ја стигне предноста на Клиперс од девет поени во последната четвртина, но не успеа да погоди за победа на 0,6 секунди до крајот на мечот.

Дончиќ натпреварот го заврши со 45 поени, 15 скокови и осум асистенции. Реџи Џексон со 24, Теренс Ман 21, а Маркус Морис 20 поени.



Добрата форма ја потврди и Црногорецот Никола Вучевиќ. Тој и Демар Дерозан го предводеа Чикаго до победата над Оклахома 106:101. Вучевиќ забележа 31 поен и 15 скока, Дерозан постигна 38 поени.

Дербито на Истокот Филаделфија-Кливлед мина во доминација на Џоел Ембид. Севентисиксрес славеа со 103:93, Ембид мечот го заврши со 40 поени и 14 скокови.

> Дончиќ броеше до 45, Далас загубија од Клиперси <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина