Утрински Весник
Македонија

Во Тетово затворени 4 угостителски објекти, затекнати 27 лица без ковид-сертификат

Во Тетово затворени 4 угостителски објекти, затекнати 27 лица без ковид-сертификат

Во координирана акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи вчера беа извршени инспекциски надзори во десетина угостителски објекти и казина на територијата на Тетово и околните населени места.

Притоа, времено се затворени четири објекти и од страна на ДПИ запечатени се со пломби. Во два објекта беа констатирани прекршоци по основ на Законот за заштита од пушење, а за три објекти побарана е дополнителна документација согласно Законот за угостителска дејност, така што постапката за нив продолжува до целосно разгледување на документацијата.

Во сите контролирани објекти изречени се и глоби од страна на УЈП по основ на неиздавање фискални сметки.

Инаку, во четирите затворени објекти биле затекнати вкупно 27 лица без задолжителните ковид-сертификати (потврди), а во два објекта затекнати се лица без соодветни лиценци, кои вршеле работа како обезбедување на објектите.

Можете да прочитате

Ограбена златара во Тетово – 24info.mk

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра 

МЗШВ: Нема привилегирани и заштитени, секој што се огрешил и ја злоупотребил функцијата, ќе одговара