Утрински Весник
Свет

Украина побара објаснување од Русија во рок од 48 часа

Украина побара објаснување од Русија во рок од 48 часа

Украина побара објаснување од Русија во рок од 48 часа за нејзините „воени активности“ во областите во близина на границата помеѓу двете држави, изјави украинскиот министер за надворешни работи, Дмитриј Кулеба.

Тој на Твитер објави дека Киев официјално започнал механизам за намалување на ризикот во согласност со став III од Виенскиот документ и побара од Москва да даде детални објаснувања за воените активности во областите во близина на територијата на Украина и Крим, пренесува ТАСС.

Кулеба рече дека Русија има 48 часа да одговори.

„ Во случај да нема одговор или ако е недоволен или неважен, Украина ќе се обрати до Русија и другите потписнички на Виенскиот документ, со цел да одржи вонреден состанок на кој Русија ќе треба да даде објаснување“, рече Кулеба.

Можете да прочитате

Над 240 случаи на Западнонилска треска во Европа

Трамп очекува конфликтот со Иран наскоро да заврши, Техеран вели дека американската дипломатија не успеала

Италија го отфрли шпанскиот ултиматум за укинување на граничните контроли