Утрински Весник
Македонија

Обвинение против Косовци кои нелагално граделе бунгалови во Маврово

Обвинение против Косовци кои нелагално граделе бунгалови во Маврово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Гостиварското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две физички и едно правно лице за кривично дело бесправно градење, во Маврово.

Обвинетите, татко и ќерка, државјани на Косово, како и правното лице во кое управител била ќерката, во периодот од 10. јули до 20. септември минатата година, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, започнале да градат осум бунгалови во селото Леуново, општина Маврово и Ростуше.

Објектите од цврста градба, на околу 200-300 метри од езерото, биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности.

И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон.​​

Можете да прочитате

Манасиевски: Мали Фрчко – новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем

Пијан возач удрил во полициско возило кај Дебар

Во Охридско Езеро поставена новогодишна подводна елка