Oваа приказна е целосно вистинита. Освен деловите кои се целосно измислени.
Вака почнува секоја епизода од долгоочекуваната нова серија на „Нетфликс“ Inventing Anna („Измислување на Ана“), за лажната наследничка Ана Делви алијас Ана Сорокин.
Заснована на вистинска приказна, оваа серија ја следи остроумната новинарка Вивијан (во реланиот живот тоа е новинарката Џесика Преслер која всушност била на задача за „Њујорк магазин“) како се обидува да открие детали за животот на Ана Сорокин.
Младата Ана ги измами пријателите и банките за стотици илјади долари маскирајќи се во богата германска наследничка во Њујорк, пред законот да ја фати.
Нејзината приказна првпат експлодира на социјалните мрежи во 2018 година, токму кога големата нова потписничка на Нетфликс – продуцентката Шонда Рајмс – беше во потрага по сочен проект. Моќната продуцентка зад „Вовед во анатомија“ и „Скандал“ се нафати на овој проект, а „Нетфликс“ потпиша договор за правата на оваа серија.
Се очекува драмската серија од девет епизоди да биде хит, коментираат медиумите.
Приказната е раскажана низ очите на новинарката Вивијан Кент, која ја игра Ана Хламски (Вип). Ликот во голема мера е инспириран од Џесика Преслер, од New York Magazine, која напиша детална статија за измамите на Ана. Серијата се базира токму на оваа статија.
Inventing Ana, со Џулија Гарнер во главната улога, треба да почне да се емитува на „Нетфликс“ на 11 февруари.