Утрински Весник
Свет

Германскиот суд ја отфрли петицијата против задолжителната вакцинација

Германскиот суд ја отфрли петицијата против задолжителната вакцинација
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Највисокиот германски суд денеска соопшти дека ја отфрлил претставката поднесена против задолжителната вакцинација, со која болничкиот персонал се обврзува да се вакцинира против Ковид-19.

Задолжителната вакцинација за персоналот во болниците и здравствените установи во Германија треба да стапи на сила на 15 март, но голем број на засегнати од мерката поднеле итни претставки до Уставниот суд во Карлсруе, пренесува Ројтерс.

Германскиот министер за здравство изјави дека сегашниот бран на коронавирус во Германија најверојатно ќе го достигне својот врв кон средината на месецот.

Можете да прочитате

Четворица повредени од пожарот во Кран-Монтана префрлени на лекување во Германија

Нови правила за патување во ЕУ

Иран: Мешањето на САД во протестите ќе предизвика хаос