Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека се грижат за Ќосето и Ванчо Михајлов, за Гоце Делчев не е потребна декларација

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека се грижат за Ќосето и Ванчо Михајлов, за Гоце Делчев не е потребна декларација

ВМРО-ДПМНЕ нека продолжи да се грижи за оние за кои правеше споменици и ги величаше, како Ќосето, Александров, Мијалов, порачаа од СДСМ.

„ За најголемиот македонски херој, за нашиот великан Гоце Делчев не се потребни декларации, не заслужува неговата големина да се сведува на политички подметнувања и декларации. Нема што друго ВМРО-ДПМНЕ да понуди пред граѓаните освен политички подметнувања и обиди за поделба меѓу граѓаните и помеѓу македонскиот народ.

Нема да дозволиме да се понижува делото на великанот Делчев, ниту да ни држат лекции оние кои со бројни потези го срамат неговиот лик.

Нема да учествуваме во дневнополитички театар на ВМРО-ДПМНЕ чија единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“ велат од владејачката партија.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница