Утрински Весник
Спорт

Вила и Лидс со англиска „класика“, Кутињо со гол и две асистенции

Вила и Лидс со англиска „класика“, Кутињо со гол и две асистенции

Астон вила и Лидс јунајтед одиграа вистинска англиска класика, меч кој заврши 3:3 и во кој гостите успеаја да се вратат од 3:1 негатива, а Филипе Кутињо го продолжи својот камбек во Премиерлигата со уште еден прекрасен гол.

Даниел Џејмс ги донесе Лидс во водство во деветтата минута од мечот, пред Кутињо во 30. минута да го најави камбекот на тимот на Стивен Џерард. Кутињо во 38. минута му асистираше на Џејкоб Ремзи за 2:1 за Вила, а веќе во 43. минута повторно истата комбинација донесе 3:1 водство.

Сепак, гостите не се откажаа. Џејмс со својот втор гол во финишот на првото полувреме намали на 3:2, пред в 63. минута, Диего Љоренте да израмни на 3:3.

> Вила и Лидс со англиска „класика“, Кутињо со гол и две асистенции <

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години