Утрински Весник
Свет

Рекордна заплена на дрога од Пацифичката морнарица

Рекордна заплена на дрога од Пацифичката морнарица

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со четири тони кокаин кај брегот на Нарин.

Станува збор за најголемата пратка на дрога запленета од Пацифичката морнарица во последните две години и кога би се продала би била вредна речиси 130 милиони евра на црниот пазар.

Колумбиските поморски единици им зададоа тежок удар на наркобандите во борбата против трговијата со дрога.

15-метарска подморница, која пловела кон Централна Америка со четири тони кокаин, била пресретната кај брегот на Нарин.

Дрогата, која била спакувана во 4.000 правоаголни пакувања, морнарицата ја однела до пристаништето во Тумак.

Можете да прочитате

Најмалку 20 загинати во руски напади врз Украина, 14 жртви на железничката станица во Днипро

70.000 полицајци и жандарми ќе бидат ангажирани на утрешните протести низ Франција

Трамп до новинар на Ројтерс: Одвратен си, болен си