Утрински Весник
Култура

Откажан Саемот на книгата во Лајпциг

Откажан Саемот на книгата во Лајпциг
Dik 300x250 mk

Годинешниот Саем на книгата во Лајпциг беше откажан поради незаинтересираност на издавачите, кои се откажаа од учеството поради епидемиолошката состојба.

Иако владата на германската покраина Саксонија овозможи нови мерки за одржување на Саемот, кој требаше да се одржи од 17 до 20 март, организаторите одлучија да го откажат.

Според нив, многу големи издавачки куќи како „Рендом Хаус“, „Бертелсман“, „Хајне“, „Холцбринк“ и „Реклам“ го откажале своето учество во последните денови, што го објаснија со моменталната епидемиолошка состојба.

Текстот Откажан Саемот на книгата во Лајпциг е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“