Утрински Весник
Свет

Борис Џонсон: Се надевам дека можеме да ги укинеме последните локални ограничувања

Борис Џонсон: Се надевам дека можеме да ги укинеме последните локални ограничувања

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека планира да ги укине сите преостанати законски ограничувања поврзани со коронавирусот овој месец, вклучително и изолација во случај на зараза, пишува „Анадолија“.

Џонсон одговараше на прашања во долниот дом на британскиот Парламент и во таа пригода рече дека владата има намера да ја претстави својата стратегија на живот со коронавирус.

„Се надевам дека ќе можеме да ги укинеме последните локални ограничувања еден месец порано, вклучително и законската обврска да се изолираме ако тестот е позитивен под услов да продолжат тековните охрабрувачки трендови во податоците“, рече Џонсон.

Бројот на случаи на коронавирус во Британија се намалува од неговиот врв на почетокот на јануари.

Вчера, во земјата се откриени 66.183 нови случаи на коронавирус, а починале 314 лица.

Во случај на инфекција со коронавирус во Велика Британија планирано е укинување на мерките за изолација од 24 март.

Можете да прочитате

Шефот на турската дипломатија се залага за заедничка одбранбена платформа на земјите од Блискиот Исток

Најмалку 78 убиени во напад на дрон врз џамија во Судан

Британската МИ6 ќе ја користи темната мрежа за регрутирање агенти и пристап до тајни