Утрински Весник
Свет

Папата Франциско: Војната во Украина би била лудост

Папата Франциско: Војната во Украина би била лудост

Папата Франциско во средата рече дека војната во Украина ќе биде „лудост“ и изрази надеж дека тензиите меѓу земјата и Русија може да се надминат преку мултилатерален дијалог.

Говорејќи на општа аудиенција во средата, Папата им се заблагодари на оние кои учествуваа на Меѓународниот ден на молитвата за мир во Украина на 26 јануари.

„Да продолжиме да му се молиме на Бога тензиите и заканите од војна да можат да се надминат преку сериозен дијалог и дека разговорите во формат Нормандија можат да придонесат за таа цел“, рече тој, алудирајќи на разговорите меѓу Русија и Украина со посредство на Германија и Франција.

„И да не заборавиме: војната е лудило“, рече папата.

Можете да прочитате

СЗО прогласи крај на епидемијата на хантавирус на крузерот „Хондиус“

Јахтата на Путин забележана во близина на брегот на Данска

Недостиг од гориво во Русија, полиција ги чува бензинските пумпи