Утрински Весник
Спорт

Фото-финиш и олимписко злато за Хванг

Фото-финиш и олимписко злато за Хванг

Хванг Де-хон (22) од Јужна Кореја, стана олимписки шампион на 1.500 метри во брзо лизгање на кратки патеки.

Во финалето, Хванг, победи со време 2:09.219 минути). Среброто го освои Стивен Дубоа (2:09.254), за него ова е најголемиот успех во кариерата. Третото место му припадна на Семјон Елистратов од Русија (2:09.267).

За Хванг победата е голем успех, бидејќи успеа да се издигне по дисквалификацијата што ја доживеа во полу-финалето на трката на 1.000 метри.

Ова е втор олимписки медал во кариерата на Хванг. Пред четири години на домашен терен освои сребро на 500 метри.

> Фото-финиш и олимписко злато за Хванг <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија