Утрински Весник
Македонија

Запленети 5 килограми златен накит на „Блаце“

Запленети 5 килограми златен накит на „Блаце“
Dik 300x250 mk

Во текот на вчерашниот ден на граничен премин Блаце, во автомобил пријавен за излез од државата, мобилните тимови од Одделението за оперативни работи при Царинска управа, спречија обид за криумчарење на 5 килограми златен накит.

„ Имено, на 8 февруари 2022 година, на излез од државата, на граничниот премин Блаце, во попладневните часови за царинска контрола се пријавило патничко моторно возило со српски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин. При вршење на детална контрола, од страна на мобилните тимови, биле забележани неправилности во пределот помеѓу двете предни седишта, односно шуплината над ауспухот била затворена. Во внатрешноста на возилото, во пределот помеѓу двете предни седишта, пронајден бил отворот на специјално изработениот бункер, во кој се наоѓале 10 пакети со златен накит во вредност од 9.604.430 денари и вкупна тежина од 5097,59 грама, соопштија од Царината.

Златниот накит и патничкото моторно возило се привремено одземени, а пријавеното лице заедно со целокупната документација е предадено на Одделението за истраги во Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување, по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош