Утрински Весник
Македонија

Петков побарал објаснување од Ковачевски за два инциденти во нашата држава

Петков побарал објаснување од Ковачевски за два инциденти во нашата држава

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, барал објаснување од македонскиот премиер Димитар Ковачевски за инциденти кои се случиле во Македонија.

Ковачевски вели дека комуницирале телефонски за искинати венци на гробот на Гоце Делчев и искршени стакла во Битола.

„Сакаше да се информира за два инциденти кои се случиле во нашата држава, едното е за искинати венци на гробот на Гоце Делчев и го информирав дека МВР ги прави потребните работи. И второто беше за искршено стакло во Битола, за кое полицијата кажа дека не станува збор за политички инцидент“, рече Ковачевски.

Прашан дали разговарале за политички прашања кои треба да се решат, тој негираше: „Во однос на отворените прашања, министерствата на двете држави работат на отворените прашања. Ако има напредок прифатлив за двете страни, тогаш МНР ќе соопшти, на ист начин како што министерот за надворешни работи веќе образлагаше“.

Можете да прочитате

Муцунски на тематски состанок во Брисел посветен на проектот „Коридор 8“ 

Приведен дрвокрадец од село Мартолци, Општина Чашка

Стојаноски: Како мнозинство, ние сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии