Во новото интервју за ТВ-емисијата на „Пипл“, Пит Дејвидсон не се срамеше да ги сподели своите чувства за неговата дама Ким Кардашијан, или „лејди лав“ како што пишуваат таблоидите.
28-годишната ѕвезда на Saturday Night Live првпат во јавност ја нарече 41-годишната Ким негова девојка.
„Кога излегувам надвор обично се дружам со моите пријатели, а кога сум дома се опуштам со мојата девојка. Така што не правам многу“, рече тој, со што официјално потврди дека е во врска со Кардашијан.
Камерите забележаа дека Пит во својата соба има две свеќи на Ким – нејзината свеќа Virgin Mary Kimoji (која се продава за 18 долари) – и втората со нејзиното лице исто така на неа (се продава за 22,49 долари).
Комичарот разговараше со Кеј Адамс, водител на PEOPLE ТV Show! за претстојната реклама за „Супероул“, а исто така откри што сака да прави во слободно време.
„Јас немам Инстаграм или Твитер или нешто слично. Така, најголемиот дел од мојот секојдневен живот е влегување во автомобил и појавување на сет“, откри тој.
„Се дружам со моите пријатели кога сум надвор или се релаксирам со мојата девојка дома. Не правам ништо посебно“, додаде тој, алудирајќи на коосновачката на „СКИМС“.
Ким моментално е среде бракоразводна постапка и доделување старателство врз децата со поранешниот сопруг Канје Вест.