Утрински Весник
Македонија

(Видео) Постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари

(Видео) Постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари

Постигнат е договор за минимална плата од 18.000 денари. Ова вечерва го објави премиерот Димитар Ковачевски.

„ Среќен сум и задоволен што можам да соопштам дека постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите‼️

80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно.

Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните“ рече Ковачевски.

Можете да прочитате

Николовски: Се работи за монтиран случај за да се скрие криминалот во МЗШВ

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира

Експерти предупредуваат: Современите закани сè повеќе доаѓаат преку технологијата и дезинформациите