Утрински Весник
Македонија

Ковачевски – Сандри: Во Македонија се гледа како на држава лидер во решавањето прашања

Ковачевски – Сандри: Во Македонија се гледа како на држава лидер во решавањето прашања

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски се сретна со Моника Сандри, претставничка на УНХЦР во нашата држава.

На состанокот е разговарано околу реализацијата на повеќе важни прашања од Агенда 2030, којашто се однесува на Целите за одржлив развој на ОН, а е универзален документ чијшто потписник е и Република Северна Македонија.

Во Северна Македонија се гледа како на држава лидер во решавањето прашања и поради тоа е изразено уверување дека во тој дух продолжува и меѓусебната соработка.

Во таа насока е изразена верба за целосно спроведување на определбата за заштита на правата на сите луѓе кои живеат во нашата држава, како и за системска имплементација на Конвенцијата за намалување на бездржавјанството, кон којашто пристапи Северна Македонија. УНХЦР во тоа гледа важен чекор кон глобалните напори за ставање крај на оваа појава, а во унапредувањето на ваквите заложби во светски рамки, во Република Северна Македонија препознава сериозен партнер.

Премиерот Ковачевски се заблагодари на претставничката на УНХЦР, Сандри, за помошта и придонесот на оваа организација на ОН, како во нашата држава, така и во регионот, посебно во делот на човековите права.

„На иста линија сме со ОН во делот на спроведувањето на целите за одржлив развој и Агенда 2030 и подготвени сме да го реафирмираме процесот низ прецизна динамика на реализација на преземените обврски од страна на нашата држава. Согласно тоа, ќе работиме и заедно со УНХЦР во делот на сѐ што значи заштита на човековите права на сите луѓе кои живеат во нашата земја, според меѓународните конвенции и стандарди“, рече премиерот Ковачевски.

УНХЦР, како што соопшти претставничката Сандри, остануваат посветени на поддржување на Владата и институциите, во постигнувањето на Целите за одржлив развој и на обврските од Агендата 2030.

Можете да прочитате

Македонија под снег, започнаа пообилните врнежи

Забрана за тешки товарни возила на неколку превои

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!