Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес

Маричиќ – Јан Коп: Важна ни е поддршката од Холандија на европскиот пат и во реформскиот процес
300x250 opst2

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп при што разговараа за динамика на евроинтеграцискиот процес на земјава, продолжувањето на соработката меѓу двете земји, како и финансиската поддршка која во вид на проекти ја добива Република Северна Македонија од страна на Кралството Холандија.

„ Важна ни е поддршката од Кралството Холандија во процесот за почеток на преговори со Европската Унија. На денешната средба со амбасадорот Јан Коп потврдивме дека политиката на проширување на ЕУ е важна за стабилноста и напредокот на регионот, бидејќи обезбедува единствени правила во однос на демократија, владеење на правото, човековите права, но и поголем пазар и инвестиции. Северна Македонија останува цврсто посветена на процесот на пристапување во ЕУ и очекувам дека во наредниот период ќе работиме заедно со нашите европски партнери за да ја забрзаме динамиката на процесот со посветена работа на сеопфатни реформи“ – кажа Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ и амбасадорот на Кралството Холандија, Јан Коп, разговараа и за проширување на традиционалната поддршка во реформите со акцент на владеење на правото и правосудство, како и за напредокот во соработката помеѓу нашата земја и Бугарија во насока на целосно отстранување на ветото кон конечно отпочнување на пристапните преговори со Унијата, при што беше потенцирана холандската поддршка за европската иднина на земјата.

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник