Утрински Весник
Свет

НАТО би можел да испрати повеќе војници на исток доколку руските трупи останат во Белорусија

НАТО би можел да испрати повеќе војници на исток доколку руските трупи останат во Белорусија

НАТО ја разгледува можноста за зголемено воено присуство во балтичките земји и Полска во случај Русија да ги задржи своите војници во Белорусија по планираната воена вежба, изјави шефот на воената комисија на алијансата.

Во Белорусија, северниот сосед на Украина, Русија, има 30.000 војници овој месец поради заеднички воени вежби, така што вкупниот број руски војници на границите на Украина во моментов е повеќе од 100.000.

Соединетите Држави испратија 3.000 војници во Романија и Полска минатата недела, а Германија соопшти дека размислува да ги засили сегашните воени сили во Литванија.

Можно е натамошно распоредување на сојузничките сили на НАТО, изјави Роб Бауер, холандскиот адмирал на чело на највисокото стратешко тело на НАТО.

„Ако обрнете внимание на трупањето воени сили, Русија всушност би можела да има доволно војници за сериозна инвазија до крајот на овој месец, но не знаеме дали има вистинска намера да го стори тоа“, рече Бауер.

Москва претходно соопшти дека не планира инвазија на Украина, но може да преземе одредена воена акција доколку нејзините безбедносни барања не бидат исполнети.

Можете да прочитате

Русија тврди дека нејзините сили зазеле уште едно село во источна Украина

 „Брисел ја уништува демократијата во Европа“ – Маск со повик земјите членки да ја напуштат ЕУ

Суд во Флорида ѝ наложи на Тесла да плати 243 милиони долари отштета за фаталната несреќа со автопилот