Утрински Весник
Спорт

500 натпревари за Јокиќ на НБА лигата

500 натпревари за Јокиќ на НБА лигата

Никола Јокиќ, со трипл-дабл, го предводеше Дебвер до победа над Бруклин 124:104. Актуелниот МВП, со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции го обележа јубилејниот 500.натпревар во НБА лигата.

Против Бруклин, Јокиќ го забележа 71. трипл-дабл во кариерата. Од почетокот на сезоната на 14 натпревари бележел трипл-дабл. Во оваа категорија е лидер во лигата.

Во првите 500 натпревари, Јокиќ, забележал 9.579 поени, 5.081 скокови и 3.068 асистенции. Во просек тоа се 19,1 поен, 10,2 скока и 6,1 асистенција.



> 500 натпревари за Јокиќ на НБА лигата <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости