Утрински Весник
Свет

Скандал во Црна Гора: Сакале да договорат брак помеѓу две деца

Скандал во Црна Гора: Сакале да договорат брак помеѓу две деца

Полицијата во Подгорица поднесе кривична пријава против две лица од Косово поради сомнение дека договарале нелегален брак на 12-годишно девојче и момче.

„Полицијата поднесе кривична пријава до Државното обвинителство во Подгорица против К.М.(31) и Б.М.(38), двајцата од Косово и жители на Подгорица, поради сомнение за трговија со луѓе“, се вели во соопштението.

Се сомничи дека со злоупотреба на односот на доверба и со регрутирање, со одобрение и договор со членови на семејство од Подгорица, склучиле незаконски брак помеѓу ќерката на К.М., девојче од 12-години и 12-годишно момче од тоа семејство, заради финансиска корист.

„За да се склучи незаконскиот брак меѓу децата, членовите на семејството на момчето пристигнале во Подгорица и во станот на Б.М. била организирана прослава на која била дарувано оштетеното девојче, а му биле предадени и пари на К.М“, соопштија од полицијата.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури