Утрински Весник
Свет

Австралија ја отвора границата за странски туристи на 21 февруари

Австралија ја отвора границата за странски туристи на 21 февруари

Австралија повторно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани посетители кои имаат виза на 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон, пренесува Анадолија.

Во соопштението од Кабинетот на австралискиот премиер се вели дека границите ќе бидат повторно отворени за сите целосно вакцинирани носители на визи, поздравувајќи го враќањето на туристите, деловните луѓе и другите посетители.

„Овие промени ќе овозможат да го заштитиме здравјето на Австралијците додека продолжуваме да го обезбедуваме нашето економско закрепнување“, рече Морисон.

Во соопштението се додава дека здравствениот систем на Австралија ја покажал својата отпорност за време на пандемијата на коронавирус.

Комитетот за национална безбедност се согласи дека Австралија е подготвена за посетители, откако ќе се подобри здравствената состојба и ќе падне стапката на хоспитализација.

Сепак, оние посетители кои не се целосно вакцинирани ќе мора да поднесат барање за ослободување и доколку Владата ја одобри нивната апликација за влез во Австралија, тие ќе мора да бидат ставени во карантин.

Повторното отворање доаѓа речиси две години откако Австралија ја затвори својата граница за странци во обид да го забави ширењето на коронавирусот.

Можете да прочитате

Заврши видео-средбата на европските лидери со Зеленски и со Трамп

Израел го бомбардираше градот Газа, над 120 загинати

Скандал во Полска: Пари од ЕУ завршиле во свингерски клубови и на јахти