Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Филаделфија го освои Чикаго, трипл-дабл за Јокиќ и Дончиќ

Филаделфија го освои Чикаго, трипл-дабл за Јокиќ и Дончиќ
Img 7972

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ забележаа по трипл-дабл во победите на своите тимови, во ноќта која ја обележа шутерската пресметката помеѓу Демар Дерозан и Џоел Ембид.

Филаделфија Севентисиксерс забележаа победа во Чикаго 119:108. Во моментов лидерот во МВП трката, Џоал Ембид, го предводеше својот тим до победата со 40 поени и 10 скока.

На спротивната страна Дерозан забележа 45 поени, девет скока и седум асистенции.

Ембид доби помош од Тобајас Херис (23 поени) и Тајрис Мекси (16) поени, а Дерозан од Никола Вучевиќ (23 поени, седум скока, пет асистенции).

Чикаго се втори на Истокот со 33 победи и 20 порази, а Филаделфија се искачи на четвртото место со 32 победи и 21 пораз.

Денвер Нагетс, во второто полувреме го декласираа десеткуваниот Бруклин. Денвер славеа со 124:104. Никола Јокиќ забележа 27 поени, 12 скока и 10 асистенции. За српскиот центар ова беше 71.трипл-дабл во кариерата.

Нетс во второто полувреме постигнаа само 29 поени. Најефикасен беше Кајри Ирвинг со 27 поени.



Далас Маверикс ги победија Атланта Хокс со 103:94. Лука Дончиќ и покрај проблемите со личнте грешки (направи четири во првото полувреме), оствари трипл-дабл од 18 поени, 10 скока и 11 асистенции.

> Филаделфија го освои Чикаго, трипл-дабл за Јокиќ и Дончиќ <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај