Утрински Весник
Спорт

Фојц го освои златото во спуст, среброто за 41-годишниот Келер

Фојц го освои златото во спуст, среброто за 41-годишниот Келер

Швајцарецот Беат Фојц победи на трката во супст на Зимските олимписки игри во Пекинг. Фојц го освои првото олимписко злато во кариерата, претходно во 2018, освои сребро во супер велеслалом и бронза во спуст.

Фојц, во Пекинг, победи пред Жоан Келер од Франција и Матијас Мајер од Австрија.

Швајцарецот до златото дојде со резултат 1:42.69 минути. Десет стотинки зад него беше Келер. Францускиот скијач влезе во историјата на ЗОИ. Со 41 година, тој е највозрасниот освојувач на медал во алпско скијање.

Мајер трката ја заврши со 16 стотинки послабо време од победникот Фојц.

> Фојц го освои златото во спуст, среброто за 41-годишниот Келер <

Можете да прочитате

Халанд: Не очекував дека толку брзо ќе дојдам со 100-тиот гол

Милевски упати благодарност до сите фудбалери, кои покажаа што значи да се игра за Македонија

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026