Утрински Весник
Македонија

Активисти и граѓани исчистија мини депонија на охридското крајбрежје

Активисти и граѓани исчистија мини депонија на охридското крајбрежје

Десетина активисти и граѓани денеска собраа 15-тина вреќи ѓубре од плажата кај поранешната детска болница во Охрид.

„Чист Охрид“ заедно со „Енхелеус Лихнид“ и „Еко Туризам“ исчистија уште една мини депонија создадена од несовесни граѓани.

„Повторно упатуваме апел да се собира ѓубрето што го создаваме сите ние и да го одложуваме таму каде што му е место. Тоа е првиот чекор кон унапредување на животната средина за која сите ние треба да се грижиме!“, посочуваат од охридската неформална еколошка организација.

Воедно, од „Чист Охрид“ упатуваат благодарност до сите што учествувале во акцијата и најавуваат дека ќе продолжат акциите за почист и поубав град.

Можете да прочитате

Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција