Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Ал-Хилал ја декласираа Ал-Џазира за честа да се „пресметаат“ со Челси

Ал-Хилал ја декласираа Ал-Џазира за честа да се „пресметаат“ со Челси
Img 7972

Азиските шампиони Ал-Хилал со 6:1 го декласираа домаќинот на Светското клупско првенство, Ал-Џазира за да ја добијат честа да се пресметаат со шампионите од европската Лига на шампиони, Челси.

Саудискиот клуб почна лошо, откако клубот од Абу Даби стигна до водство во 13. минута преку Абдулај Диаби, но поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Нигериецот Одион Игало израмни во 36. минута, пред Бразилецот Матеуш Переира да ги донесе во водство во 40. минута.

Во второто полувреме, Ал-Хилал доминираше и постигна уште четири гола – Кано (57.), Ал-Давсари (77.), Марега (88) и Кариљо (92.).

Во првото полуфинале на Светскиот клупски шампионат, шампионот од Копа Либертадорес, бразилскиот Палмеирас на 8 февруари игра со африканскиот шампион, египетскиот Ал-Ахли, додека Челси ќе се судри со Ал-Хилал на 9 февруари, со финалето предвидено за 12 февруари.

> Ал-Хилал ја декласираа Ал-Џазира за честа да се „пресметаат“ со Челси <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица