Утрински Весник
Свет

Германските возови ќе преминат на биогорива до 2040 година

Германските возови ќе преминат на биогорива до 2040 година

Германската железничка компанија „Дојче Бан“ денеска објави дека сака целосно да ги отстрани дизел горивата од употреба и да ги замени со биогорива до 2040 година.

„Нашите 3.000 дизел возила од годинава постепено ќе се префрлаат на алтернативни горива“, изјави извршниот директор на компанијата Ричард Луц.

„Покрај насочувањето кон 100% зелена енергија, постепеното укинување на дизелот до 2040 е еден од нашите централни еколошки планови“, додаде тој.

Што се однесува до новите возила, компанијата соопшти дека во иднина ќе купува само со мотори на водород или електрични мотори на батерии.

Подружницата на компанијата која се бави со товарен превоз, ДБ Карго, објави слични цели кон средината на јануари, вклучително и локомотиви кои можат да менуваат помеѓу дизел и електричен погон, па поради тоа можат да користат електрифицирани шини, но да се движат и таму каде што тие не се достапни.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван