Утрински Весник
Македонија

Пронајдени две лица од Куба при контрола во автобус со скопски регистарски ознаки

Пронајдени две лица од Куба при контрола во автобус со скопски регистарски ознаки

Вчера во 10.20 часот на Регионалниот пат Р1-102 Скопје-Гевгелија поточно кај пункт Елград – Неготино, од страна на полициски службеници од полициската станица Неготино, бил запрен автобус со скопски регистарски ознаки заради контрола.

При проверка на идентитетот на патниците, констатирано е дека Д.А.Х (29) и Л.К.Д (27) од Куба илегално влегле во државата, по што биле приведени во Регионалниот центар за гранична контрола Југ Кавадарци за натамошна постапка.

Можете да прочитате

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза

Кога законите стануваат алатка за дерење кожа на граѓаните

Приведени девет возачи, седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана