Утрински Весник
Свет

Трудница почина на интервју за работа – машина и ја фати косата

Трудница почина на интервју за работа – машина и ја фати косата

Умида Назарова (21), која била во седмата недела од бременоста, се пријавила за работа во фабриката Свармет во Борисов, Белорусија, која произведува жици и електроди.

Додека и ја покажувале фабриката, косата и се заглавила во една од машините.

Косата и се завитка околу вратот и беше вовлечена во механизмот. Несреќната девојка подоцна им подлегнала на повредите.

Белорускиот истражен комитет соопшти дека работникот на фабриката, кој и покажал на Назарова како работи опремата, направил пауза за да внесе упис во регистарот.

– Кога се сврте, виде дека жената веќе лежи на подот без свест. Нејзината коса беше завиткана во машина – соопшти комисијата.

Фабриката го плати нејзиниот погреб.

Можете да прочитате

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари

Двајца американски војници исчезнати по годишната вежба во Мароко

Возило полно со експлозив удри во спортски клуб во Портланд