Утрински Весник
Магазин

Поранешнитe колеги на Нил Јанг бараат нивната музика да не се стримува на „Спотифај“

Поранешнитe колеги на Нил Јанг бараат нивната музика да не се стримува на „Спотифај“

Поранешните колеги на Нил Јанг од „Крозби“ – Стилс, Неш и Јанг – во четвртокот соопштија дека побарале од своите издавачи да ја отстранат нивната музика од „Спотифај“, со што им се придружија на неколку музичари кои заземаат став за дезинформациите што се шират на оваа платформа.

Минатата недела Јанг ја повлече музиката од „Спотифај“ по одбиеното барање да го отфрлат контроверзниот подкаст на Џо Роган, кој помага во ширење дезинформации за пандемијата на коронавирус.

Фолк рок ѕвездата Џони Мичел го следеше неговиот потег.

„Го поддржуваме Нил Јанг и се согласуваме со него дека на подкастот на Џо Роган на „Спотифај“ се емитуваат опасни дезинформации,“ се наведува во заедничката изјава на Дејвид Крозби, Стивен Стилс и Греам Неш.

„Иако секогаш цениме алтернативни ставови, свесното ширење дезинформации за време на оваа пандемија има смртоносни последици. Сè додека не се преземе вистинска акција за да се покаже дека грижата за човештвото мора да биде избалансирана со профитот, ние не ја сакаме нашата музика – или музиката што заедно ја создадовме – на таа платформа“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста