Утрински Весник
Македонија

Бугарската делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Бугарската делегација положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Делегација на бугарската влада положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 150-годишнината од неговото раѓање.

Бугарската делегација ја предводеше министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, придружувана од заменик-министерката за надворешни работи – Велислава Петрова, заменик-министерот за култура – Јуриј Велковски и амбасадорот на Република Бугарија во нашата земја – Ангел Ангелов.

Венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положи и Илхан Ќучук, европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент.

„Владата на Северна Македонија го поздрави учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на Гоце Делчев, најзначајниот лик од историјата на нашата земја, во знак на поддршка на дијалогот и напорите на двете земји за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата“, информираа од владината прес-служба.

Претходно денеска, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, и заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, во име на Владата положија венец свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа