Утрински Весник
Спорт

(Видео) Спектакуларно отворање на зимските олимписки игри во Пекинг, започна дефилето на репрезентациите

(Видео) Спектакуларно отворање на зимските олимписки игри во Пекинг, започна дефилето на репрезентациите

Со церемонијата на свеченото отворање која започна во 13 часот по средноевропско време, денеска стартуваат Зимските олимписки игри во Пекинг.

Спектакуларната церемонија на свеченото отворање повторно се одржува на олимпискиот стадион „Птичје гнездо“. Така, овој стадион ќе стане првиот во историјата на кој се одржала церемонија на отворање на една летна (2008) и една зимска олимпјада.

Церемонијата можете да ја следите во живо.

Во моментот веќе започна и дефилето на националните репрезентации. Организаторите ја претставија и маскотата на олимписките игри, која ќе биде панда, популарната мечка чие природно живеалиште е во централно-западна и југозападна Кина.

Македонија на игрите во Пекинг ќе има три преставници, Ставре Јада, Ана Цветановска и знаменосецот Дардан Дехари.

> (Видео) Спектакуларно отворање на зимските олимписки игри во Пекинг, започна дефилето на репрезентациите <

Можете да прочитате

Љубослав Пенев се бори за живот

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели

Убедлив старт на Македонија: Грозданова и соиграчките со нови три бода