Утрински Весник
Македонија

(Видео) Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев во Скопје

(Видео) Владина делегација положи цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев во Скопје

По повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, делегација на Владата составена од министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и советникот на премиерот Едмонд Адеми, положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк и на споменикот на Гоце Делчев на плоштадот „Македонија“ во главниот град.

„Положувањето цвеќе на спомениците на Гоце Делчев од страна на владината делегација е дел од свечените настани со кои се чествува јубилејната годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, историскиот великан кој својот живот и дело ги вгради во револуционерната борба за создавање самостојна македонска држава“, се наведува во владиното соопштение.

Можете да прочитате

Тренчевска: 2 години Влада на Мицкоски – нема повисоки плати, нема подобар стандард – нула исполнети ветувања

Утре во Скопје започнува меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“

Екс премиерот Ковачевски стана претседател на невладина организација РЕФОРМ 5, првиот настан ќе го одржи денеска