Утрински Весник
Магазин

Џејми Дорнан и Гал Гадот во нов шпионски трилер

Џејми Дорнан и Гал Гадот во нов шпионски трилер

Џејми Дорнан, наводно, треба да глуми заедно со Гал Гадот во шпионскиот трилер на „Нетфликс“, Heart of Stone („Срце од камен“).

Според „Дедлајн“, актерот од Белфаст го ставил својот потпис за претстојниот филм заедно со ѕвездата на „Вондер воман“.

Филмот е од „Скајденс продакшнс“на Дејвид Елисон, продукциска куќа која стои зад последните три филмови „Невозможна мисија“.

Гал Гадот- која е една од најплатените актерки во Холивуд – ќе ја преземе главната улога во претстојниот филм, за кој се верува дека ќе стане шпионска франшиза предводена од жени во духот на „Џејмс Бонд“ и „Невозможна мисија“.

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години