Утрински Весник
Култура

Швајцарската драма „Сигурност“ во кината во Скопје, Битола, Неготино, Охрид

Швајцарската драма „Сигурност“ во кината во Скопје, Битола, Неготино, Охрид

Швајцарската драма „Сигурност“ во режија на Кармен Штадлер од денеска се прикажува во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино и Центарот за култура – Битола (мала сала).

Филмот продолжува викендов на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје, а на 16 и 17 февруари ќе игра во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид и во Кинотеката на Северна Македонија на 24 и 25 февруари.

Филмот имаше премиера на Блек најтс филм фестивал (Black Nights Film Festival) во Талин во 2019 година. Станува збор за разиграно, меланхолично ноктурно, кое е истовремено секојдневна приказна и бајка.

Канцелариската зграда која наскоро ќе биде урната има последна желба: да ѝ се случи љубовна приказна. Во таа приказна се вклучуваат најчудните ликови – осамениците на ноќната смена: мистериозната чуварка, која е воздржана и неспокојна поради нејзината работа, осамениот хигиеничар, Арап кој слуша радио вести од родниот град, збунетиот секретар кој копнее по семејство, откачениот готвач кој експериментира на својот последен рецепт и шефот кој го вежба својот завршен говор пред празни столчиња.

Сите тие изгубиле нешто кое се надеваат дека повторно ќе го најдат во текот на ноќта. Шест ноќи се среќаваат и набљудуваат, се избегнуваат и се привлекуваат како магнети. А кога нештата ќе стивнат, зградата предизвикува прекин на струја.

Поетски и ексцентричен калеидоскоп во кој се рефлектираат копнежот, сигурноста и милозвучните звуци кои се движат низ целата зграда.

Дистрибутер на филмот е КТ Филм и Медиа од Битола, а дистрибуцијата е поддржана од Swiss Films.

Текстот Швајцарската драма „Сигурност“ во кината во Скопје, Битола, Неготино, Охрид е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“