Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Дибала ќе го напушти Јувентус и ќе замине од Серија А

Дибала ќе го напушти Јувентус и ќе замине од Серија А
300x250 opst2

Паоло Дибала нема трпение да чека Јувентус да ја зголеми понудата, што значи дека по завршувањето на сезоната ќе биде слободен играч.

Двете страни не успеаја да се договорат околу платата. Аргентинецот и неговиот менаџер бараат 10.000.000 евра, Јувентус се подготвени да му понудат фиксна плата од 7.500.000.

Интер ја следи ситуацијата со Дибала, но како што тврдат италијанските медиуми, Дибала, од почит кон навивачите на Јувентус, нема да се пресели во градот на модата.

Неговата намера е да ја напушти Серија А. Многу е веројатно дека кариерата ќе ја продолжи во Манчестер сити.

Доколку Дибала замине, Јувентус, во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Николо Заниоло од Рома.

> Дибала ќе го напушти Јувентус и ќе замине од Серија А <

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај