Утрински Весник
Свет

Блинкен ја повика Русија итно да ги повлече опремата и силите од украинската граница

Блинкен ја повика Русија итно да ги повлече опремата и силите од украинската граница

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја повика Русија на итна деескалација на состојбата и да ги повлече силите и опремата од границите на Украина.

Во телефонскиот разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Блинкен нагласи дека натамошната инвазија на Украина ќе предизвика брзи и тешки последици и ја повика Русија да тргне по дипломатски пат, соопшти Стејт департментот.

Блинкен ја повтори посветеноста на САД на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и правото на сите земји сами да ја одредуваат својата надворешна политика и сојузи.

Американскиот државен секретар ја истакна подготвеноста на САД, билатерално и заедно со своите сојузници и партнери, да ја продолжат суштинската размена со Русија за меѓусебните безбедносни прашања.

„Имаме намера истата да ја продолжиме во целосна координација со партнерите и сојузниците“, рече тој.

Можете да прочитате

Талибанците го одбија барањето на Трамп за враќање на воената база Баграм во Авганистан

Израелски министри бараат анексија на Западниот Брег по признавањето на државата Палестина

НАТО ловци повторно подигнати поради руски воен авион над Балтичко Море