Утрински Весник
Свет

Антиваксери повредија полицаец на протестите во Прага, четворица се уапсени

Антиваксери повредија полицаец на протестите во Прага, четворица се уапсени

Околу 1.500 чешки антиваксери кои утринава протестираа против усвојувањето на законот за пандемија пред зградата на парламентот во Прага, нападнаа полицајци, а повредија еден полицаец при што мораа да интервенираат и да ги растераат специјалните сили кои уапсија четворица демонстранти, соопшти чешката полиција.

Според неофицијални информации на медиумите, приведен е и фотограф, кој се бранел кога толпата се обидела насилно да му ја отстрани заштитната маска.

Утрово демонстрантите донесоа бесилки пред зградата на парламентот, каде пратениците во Долниот дом ги усвојуваат измените на законот за пандемијата, овојпат без натписи и имиња, но закачија вреќи со песок со натпис „економија“ и „образование“ на нив.

Антиваксерите дојдоа во Прага на моторизиран протест, при што околу 300 автомобили беа паркирани во центарот на градот во близина на стадионот на фудбалскиот клуб Спарта, но ветија дека нема да го блокираат сообраќајот во градот.

Можете да прочитате

Жена обвинета откако мало дете е пронајдено во куфер во Нов Зеланд

Пакистан и Иран имаат за цел да ја зголемат билатералната трговија на 10 милијарди долари

Анкета: Само 16 проценти од Германците „дефинитивно“ би се бореле за својата земја