Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски со стари кадри и докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски со стари кадри и докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ

Наводните освежувања кои ги најавува Христијан Мицкоски се во суштина стари кадри и веќе докажани протагонисти на ВМРО-ДПМНЕ, некои од нив уште од времето на Никола Груевски, велат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат капацитет за промени ниту во партијата ниту во промена на политиките.

„На пример, Гордана Димитриеска-Кочовска е позната како заменик-министерка за финансии во техничката влада, која среде пандемија кочеше изградба на болници за ковид-пациенти. За старите добро познати имиња уште од времето на режимот како десната рака на Миле Јанакиески – Владо Мисајловски, кој останува потпретседател. Во ова друштво е и најголемиот извор на лажни вести, Александар Николоски, кој останува на истатата позиција“, соопштија од партијата.

Оттаму додаваат дека самото тоа што и во овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се Антонијо Милошески, Влатко Ѓорчев, Трајко Славески покажува дека Мицкоски ниту сака, ниту може да ја реформира својата партија.

„За дежурните протагонисти на ВМРО – ДПМНЕ уште од времето на Никола Груевски нема потреба воопшто и да се коментира, тие ниту досега не беа ‘независни’ како што се претставуваа. Она што граѓаните можат да го приметат е дека освен стари кадровски решенија ИК на ВМР0-ДПМНЕ и денеска не соопшти ниту еден предлог, мерка, решение во интерес на граѓаните“, посочуваат од СДСМ.

Исто така сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаква алтернатива, напротив граѓаните од овој состав на партијата може да очекуваат континуитет на деструктивни политики, лажни вести и со неработење на градоначалниците.

Можете да прочитате

Расчистени одроните од карпи и паднатото дрво на автопатот Скопје-Велес

Трибините – огледало на политиката

ВМРО-ДПМНЕ за Таравари: Кога ДУИ те фали, знаеш дека нешто крупно е згрешено