Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Поради реконструкција дел од учениците во „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе имаат онлајн настава

Поради реконструкција дел од учениците во „Димитар Поп Георгиев Беровски“ ќе имаат онлајн настава
300x250 opst2

Во тек се градежни зафати во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ кои се однесуваат на реконструкција на подовите во ходниците на долниот спрат, информираат од општината Ѓорче Петров.

Според нив следните чекори се целосно реновирање на тоалетите и изградба на тоалет за деца со посебни потреби, поставување на нова енергетски ефикасна фасада.

Информираат дека се работи и на подобрување на условите за изведување на воспитно-образовниот процес согласно најсовремени стандарди во училиштата.

„Поради овие зафати, наставата почнува утре со физичко присуство за децата од прво до трето одделение, додека децата од четврто до деветто одделение во ова училиште ќе имаат он лајн настава со донесена одлука од училишниот одбор, а во согласност со општина Ѓорче Петров“, стои во писмениот допис.

Дополнуваат дека оваа одлука е со времетраење од 30 дена и за истата е информирано и ресорното Министерство.

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!