Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стоилковски: Како фирма блиска на Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла?

(Видео) Стоилковски: Како фирма блиска на Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла?

„Како фирма блиска до Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла? Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра?“, беа прашањата што на денешната прес-конференција ги постави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, рече Стоилковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра?

„Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка? Како тече постапката и како се мести тендерот за струмичката фирма? Одговор ќе ви дадам сега“, истакна тој.

„Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски. Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата. Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи“, наведе Стоилковски.

Оценува дека додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, вели Стоилковски, а бизнисите според него, ги делат братучеди и роднини на функционери од владата.

„Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори“, подвлече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Хера: Младите не се хаштаг, туку приоритет – Време е за одговорност!

Без врнежи ќе бидеме цела оваа недела, Африканскиот топол бран продолжува!

ЦУК: Активни четири пожари, изгаснати осум