Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Сер Стјуарт Пич пристига во дводневна посета во земјата

Сер Стјуарт Пич пристига во дводневна посета во земјата
300x250 opst2

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Сер Стјуарт Пич денеска ќе пристигне во дводневна посета на Македонија.

За време на посетата, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе биде примен од претседателот на Владата Димитар Ковачевски, и ќе има и одвоени средби и со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Поранешниот шеф на Генералштабот на Армијата на Обединетото Кралство Стјуарт Пич, сега како специјален претставник на премиерот Борис Џонсон, во нашата земја ќе биде примен и од претседателот, Стево Пендаровски.

Во рамките на својата посета на нашата земја, специјалниот претставник Пич со своите соговорници ќе разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија и за силната посветеност на ОК на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.

За време на неговиот работен престој во Скопје кој притоа продолжува во Бугарија, специјалниот претставник Сер Стјуарт Пич ќе се сретне и со претставници на опозицијата и на дел од младинските организации во земјата.

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“