Утрински Весник
Спорт

Фаворитот Сенегал во полуфиналето на Африканскиот куп

Фаворитот Сенегал во полуфиналето на Африканскиот куп

Сенегал е последниот полуфиналист на Африканскиот куп на нации, откако со 3:1 ја совладаа Екваторска Гвинеја и обезбедија пресметка со Буркина Фасо во борбата за големото финале. Во второто полуфинале, Египет ќе се судри со домаќинот Камерун.

Во 28. минута, Садио Мане му асистираше на Фамара Диедиу за водство на фаворитите, но Екваторска Гвинеја се врати преку Јаник Бујла во 57. минута од мечот. Ветеранот на Кристал палас, Чеиху Кујате во 68. минута само што влезе во игра ги врати Сенегал во водство, пред Исмаила Сар, уште еден фудбалер кој настапува во Премиерлигата (Вотфорд) во 79. минута да стави точка на натпреварот.

Сенегал ја брка својата прва титула од континенталното натпреварување, откако двапати беа финалисти, во 2002 и во 2019 година.

> Фаворитот Сенегал во полуфиналето на Африканскиот куп <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина