Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кралицата Елизабета лансираше бренд на био производи, вклучувајќи го и „кралскиот кечап“

Кралицата Елизабета лансираше бренд на био производи, вклучувајќи го и „кралскиот кечап“
Img 7972

Англиската кралица Елизабета не мирува ниту на 96 години, а сега лансираше свој бренд со био производи.

Кралицата лансираше бренд со производи направени на нејзиниот имот во Норфолк. Сите потребни ресурси за производство се од имотот, а меѓу производите во брендот е и кралскиот кечап, пишува магазинот People.

– Идеален за појадок или кој било друг дел од денот – е слоганот на овој кечап.

Секако, главната состојка е доматот, но овој кечап содржи и сок од јаболко и разни зачини.

Позната е и цената на овој популарен додаток, па шише од 300 милилитри чини околу девет долари.

Поранешниот готвач на кралицата, Дарен Мекгрејди, откри дека кралицата обожава хамбургери, но ги јаде без пецива, со вилушка и нож, а наместо кечап користи брусница.

Можете да прочитате

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва