Утрински Весник
Свет

Хорор во Пакистан – вооружени напаѓачи убиле христијански свештеник

Хорор во Пакистан – вооружени напаѓачи убиле христијански свештеник

Вооружени напаѓачи денеска убиле христијански свештеник и го раниле неговиот колега во заседа во градот Пешавар во северозападен Пакистан, соопшти полицијата.

Непознати напаѓачи отвориле оган врз автомобилот во кој се наоѓале свештеникот Вилијам Сираџ и неговиот колега кои се враќале дома од црква во метрополитенската област Чамкани, изјавил за Ројтерс полицаецот Харун Кан.

Колегата на Сираџ е надвор од животна опасност и е во болница, изјави портпаролот на болницата Мохамад Асим.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во последните денови има зголемување на екстремистичките напади во регионот, а одговорноста за многу од нив ја презеде Техрек-е-Талибан Пакистан (ТТП), група поврзана со авганистанските талибанци.

Можете да прочитате

ISW: Путин е исклучен од реалноста

Светската метеоролошка организација предупредува: „Ќе биде сè потешко…“

11 лица загинаа во лавина на планина во Русија